-->
-->
Приведено лице од Љуботен, осудено на казна затвор
-->

Четириесетгодишен жител на селото Љуботен денеска бил приведен за издржување затворска казна.
МВР информира дека околу 13:30 часот, на Љуботенски пат од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција од слобода е лишен А.М.(40).
- Тој се барал со судска наредба за издржување казна затвор во времетраење од една година за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, по член 396 од Кривичниот законик, информира МВР.
Лицето е предадено во полициската станица Чаир за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители за избор на привремен наследник на Коцевски
-

Филипче од Брисел: Барам поддршка од Европа за одбрана на демократијата во Македонија
-

До крајот на следната година системот Безбеден град ќе се имплементира во цела држава
-

Охрид со богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници
-

Бизнисот и науката во спрега за развој на циркуларната економија
-

Домаќинствата во Струмица добиваат можност да аплицираат за зелени грантови
-

Преглед на вестите од светот
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
