-->
-->
Приведено лице од радовишко, предизвикало пожар кај „Раклишки чаири“
-->
На 20.09.2023 во Полициската станица Радовиш бил извршен службен разговор со Ф.Б.(70) од Радовиш. Тој се сомничи дека на 19.09.2023 во 17.00 часот предизвикал пожар на место викано „Раклишки чаири“, во атар на село Раклиш, радовишко, при што била опожарена сува трева, родни дрва и тополи.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема. Во службен разговор Ф.Б. го признал делото и за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР во денешниот билтен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
