-->
-->
Прочитал дека го бараме на интернет па ни се јави, велат роднините на Александар по кој се трагаше
-->
39-годишниот беровчанец Александар Черговски по кој семејството и полицијата трагаше од 18-ти февруари годинава, воспоставил контакт со семејството откако ги видел објавите на социјалните мрежи.
Веста дека Александар се јавил на семејството ја потврди негова роднина од Берово за „Фокус“.
Таа вели дека разговарале телефонски и среќна е што конечно знаат дека е жив и здрав, безбеден.
- Прочитал дека го бараме, дека по него трага полицијата, дека сите сме вознемирени, и ни се јави. Овде бил целото време, во Македонија. Известени се неговите родители во Германија, ја известивме и полицијата, изјави роднината на Александар.
Таа им се заблагодари и на медиумите и на сите граѓани кои помогнаа во пронаоѓањето на беровчанецот Александар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
