Продемократски кандидати избрани во Законодавниот совет на Хонг Конг
Неколкумина млади активисти, кои се спротиставуваат на контролата на Кина, избрани се денеска во Законодавниот совет на Хонк Конг, на изборите на кои излегоа рекордни 2,2 милиони гласачи.
Таков резултат претставува раст на незадоволството кон политиката на официјален Пекинг и се поголема политичка поларизација.
Законодавниот совет има 70 места, а продемократските кандидати, според последните резултати, обезбедија најмалку 27 од нив, што им овозможува да го блокираат обидот за донесување на непопуларни или конзервативни закони.
Меѓу активистите кои влегоа во Законодавниот совет, се и група млади кандидати кои учествувале во масовните продемократски протести во 2014 година.
- Ќе донесам нова визија на демократското движење што претставува право на самоопределување на народот на Хонг Конг изјави 23-годишниот активист Нејтан Ло.
Тој се залага за поголема автономија, како и одржување на референдум за отцепување на Хонг Конг од Кина. Нејтан е најмладиот пратеник во историјата на Законодавниот совет.
Ново на Сител
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација