Македонија
17. November 2017 - 8:55

Продолженија на три собраниски седници

Собранието на Република Македонија денеска ќе ги одржи продолженијата на осмата, дванаесеттата и тринаесеттата седница.

На дневен ред на продолжението на осмата седница, меѓу другото, е предлог одлуката за именување на функцијата заменици на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија.

На продолжението на 12-тата седница пратениците треба да ги разгледаат предлог законите за дополнување на Законот за исплата на платите, за изменување и дополнување на Законот за извршување и за издавање вредносни бонови, сите по скратена постапка.

На 13-тата седница пратениците ќе расправаат по интерпелациите за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и на министерот за труд и социјална политика Мила Царовска.