Променливо облачно со повремен дожд
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд, кој во попладневните часови ќе биде пороен проследен со грмежи. Поизразена нестабилност ќе има во северните и југозападните делови, каде локално се очекува процесите да бидат поинтензивни со обилен пороен дожд (над 30л/м2), електрични празнења, засилен ветер и со услови за изолирана појава на град.
Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 15 до 22, а дневната од 28 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 21, а дневната ќе достигне до 33 степени.
Во вторник ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд, кој во попладневните часови ќе биде пороен проследен со грмежи. Во среда ќе има локална нестабилност, а потоа во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и суво.
Ново на Сител
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот