Променливо облачно време со сончеви периоди
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови по одделни котлини со појава на слаба магла, а попладне во планинските подрачја со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 16 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови со појава на слаба магла. Ќе дува слаб јужен ветер.
Утринската температура ќе достигне до девет, а дневната до 19 степени.
Повеќе сончеви периоди ќе има во понеделник и вторник. До среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла по одделни котлини. Во среда кон крајот на денот под влијание на студена воздушна маса ќе има врнежи од дожд, проследени со засилен северен ветер и опаѓање на температурата во следните денови.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила