Промоција на монографија за архитектурата на Скопје
По повод 74 години од ослободувањето на Скопје, „Арс Либрис“ вечер од 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ ќе ја промовира монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ од Ерина Богоева која содржи 80-ина фотографии.
Во фокусот на авторката се 30 објекти од јавен и резиденцијален карактер, меѓу кои: Управата за хидрометеоролошки работи, Телекомуникацискиот центар, Градски ѕид (блоковите и кулите), Студентскиот дом „Гоце Делчев“, Домот на Армијата, Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, Католичката црква „Пресвето срце Исусово“…
– Модерната архитектура е основна тематска преокупација во новиот циклус фотографии на Богоева. Како и во претходниот, таа продолжува да се инспирира од истакнатите примери на модернистичкото архитектонско наследство на Скопје, што за неа претставува посебен творечки предизвик. Преку своите најнови фотографии на кои се прикажани триесетина градби изградени во втората половина на 20 век, гледано од архитектонска перспектива, Богоева нè навраќа на најважниот период од историјата на развојот на градот – периодот на интензивната постземјотресна обнова, наведува издавачот „Арс Либрис“ – дел од „Арс Ламина публикации“.
Проектот е поддржан од Град Скопје, како дел од конкурсот за проекти од областа на културата кои би го застапувале или збогатиле културниот живот на градот. Фотографиите се направени во период од 10 месеци, во различни временски услови.
Ерина Богоева (Скопје, 1988) дипломирала на Катедрата по англиски јазик на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“, а потоа образованието го продолжила на Универзитетот „Нотингам“ во Обединетото Кралство каде што магистрира на студиската програма Филм, телевизија и екранска индустрија. Напоредно со студирањето таа самостојно се изградува како фотограф и активно учествува во голем број групни изложби, помали самостојни проекти во Македонија и во странство, учествува во жирирање на конкурси. Досега има остварено четири самостојни изложби.
Ново на Сител
-
Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите
-
Лаж: Ќе одиме во Барселона да победиме и да се пласираме во следната рунда
-
Крадец на накит проголта обетки од „Тифани“ вредни над 700.000 евра
-
Флик: Не беше лесно по црвениот картон, но издржавме
-
Советот на јавните обвинители утре ќе избира 47 обвинители
-
Англичанка го преименува „Американо“ во - „Украино“ како протест против САД
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово
-
Приведен 36 годишник баран со потерница