Македонија
2. September 2021 - 8:57

Пронајдени 381 насади канабис во гевгелиско, приведени четири млади лица

Во атар на село Негорци, гевгелиско пронајдени 381 насади канабис, затекнати и четири млади лица.

- На 01.09.2021 околу 20.00 часот на место викано „Жабјак", атар на с.Негорци, гевгелиско, полициски службеници од Регионален Центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода Ј.М.(30) од с.Негорци, С.В.(25) од Гевгелија, В.Л.(21) од Богданци и Х.М.(23) од Гевгелија, информираат од МВР.

При претрес на повеќе локации на наведеното место, полициски службеници пронашле и одзеле 381 насади од растението Канабис сатива, а лицата биле затекнати на местото.

Лицата биле приведени и задржани полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.