Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства, уапсени две лица, од кои едното е полициски службеник | ВИДЕО

На 24.12.2025 во 08:35 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишија од слобода Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје.

При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р., а сопатник бил И.Р.-полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар, била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства за кои не поседувале никаква документација, а за кои изјавиле дека припаѓаат на правно лице од Скопје. Подоцна, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред магацинот на правното лице пронајдено е уште едно товарно возило натоварено со пиротехнички средства, кое било оставено и напуштено.

Додека, пак, денеска со судска наредба извршен е претрес во магацините на правното лице, при што се пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства.

Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во координација со ОВР Кавадарци ќе ги преземаат сите мерки и активности за утврдување на сите инволвирани лица и по комплетирање на документацијата ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик.

Ново на Сител
-

Тридневен штрајк на таксистите во Атина
-

ССМ пред Владата ќе бара зголемување на минималната и сите останати плати
-

Средната возраст на населението во земјава 42,21 година, во ЕУ 44,9
-

Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата
-

Трамп: Куба е банкротирана држава и треба да склучи договор со САД
-

Зеленски: Русија подготвува масовни напади врз украинската инфраструктура
-

Еден мртов и двајца тешко повредени во напад со нож во Сиднеј
-

Дожд, снег, засилен северен ветер и пад на температурите
