-->
-->
Пронајдено оружје при претрес на два дома во Кичевско
-->
На 17.02.2025, со судска наредба, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициското одделение Осломеј извршиле претрес во домовите на И.Џ.(30) и Р.Ч.(22), двајцата од кичевското село Црвинци.
При претресот, во куќата на И.Џ. биле пронајдени и одземени пиштол „Екол Фират Компакт“ и рамка за пиштолот. Додека, при претрес во домот на Р.Ч. бил пронајден и одземен ловечки карабин.
Лицата биле лишени од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија