Против „јазлеста кожа“ вакцинирани 80.000 говеда

Болеста „јазлеста кожа“ нема значително да се одрази врз млечната индустрија зашто најпрво ги зафати говедата на пасиштата кои се одгледуваат за месо, а потоа се спушти во шталите, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Како што изјави денеска државниот советник во АХВ Светлана Колариќ, млекото и млечните производи може слободно да се консумираат, а нема пречки и за откуп од здрав добиток. За месото е битно, грлата да не се носат во кланица најмалку седум дена од вакцинирањето зашто толку трае периодот на каренца.
Според Колариќ, досега против „јазлеста кожа“ се вакцинирани 80.000 говеда, а процесот продолжува се додека не бидат опфатени сите 225.000 грла во државата.
- Вакцинацијата е целосно завршена во југоисточниот регион кој беше најкритичен зашто таму се појавија првите жаришта. Во тек е вакцинацијата во Скопје, Тетово, и ќе продолжи се додека не биде покриена целата територија на Македонија. Целта е превенција и целосно сузбивање на болеста иако никој не може да го ограничи нејзиното ширење зашто се пренесува лесно, преку муви и комарци, а кон тоа дополнително придонесуваат и временските услови, како и климатските промени, истакна Колариќ.
Болеста е проширена и во Србија, а согласно експертските проценки, до крајот на годината се очекува да биде зафатена и Средна Европа. Колариќ уште еднаш напомена дека станува збор за незаразна болест, која не се пренесува на луѓето.
Ново на Сител
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Воислав Димитровски, директор на „Лајка“
