Прв пациент со Ковид-19 во Македонија тргнат од респиратор
Пациентот заразен со корона вирус е роден 1983 година. Тој поминал 12 дена на респиратор, по што е исклучен од респираторот поради подобрување на неговата состојба со корона вирусот.
Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје денеска претпладне од респираторна поддршка е исклучен пациент кој пред три недели бил примен во тешка состојба, дознава „360 степени“. Неговата состојба сега е стабилна, информираат болнички извори.
Ова е прв случај на пациент во Македонија, од почетокот на епидемијата на ковид-19, кој поради сериозноста на клиничката слика бил ставен на респираторна поддршка и по успешното лекување веќе нема потреба од таква асистенција.
Во Македонија досега починаа 85 лица заболени со ковид-19. Вкупно 1 518 се заразени, од кои 992 лица се излекувани.
Ново на Сител
-
Најстудено во Берово -10 степени, во Скопје -5 степени
-
Пронајдена голема количина дрога на „Богородица“ во камион со отпадна хартија | ФОТО
-
Владата со мерки за високите цени на храната, ограничување на маржите до крајот на април
-
Измените на Кривичниот законик од 2023 година на седница на Уставен суд
-
Во Хрватска повик за еднодневен бојкот за купување во пекарите и пекарски производи поради високите цени
-
Еден загинат и тројца ранети во руски напад врз Киев
-
Студентите во блокади во Србија одат во нова акција
-
Поништени спортските признанија на трансродовите спортисти на колеџите во САД