Први фотографии од бебињата на Амал и Џорџ Клуни, сопружниците се спремаат за нова веселба
Амал и Џорџ Клуни во понеделникот слетаа во Италија со своите малечки близнаци Ела и Александар.
Актерот изнајми приватен авион кој ги донесе до Милано за да им обезбеди на сопругата и едномесечните бебиња што поудобно патување.
Познатата брачна двојка по прв пат со децата отиде на патување, а исто така првпат се видени со новороденчињата во јавност.
Големото семејство Клини ќе помина неколку дена во Италија во семејсната куќа на езерото Комо.
Амал и Џорџ во 2014 година се заколнаа на вечна љубов токму во Италија и сега, како што пишуваат странските медиуми, планираат да ги обноват заветите, и тоа на посебна церемонија на која ќе присуствуваат и нивните деца.
-Тие двајцата планираат дури и забава за добредојде за своите близанци, и тоа на третата годишнина од бракот. Тогаш ќе ги обноват заветите пред најблиските пријатели и членови на семејството, вели извор за магазинот „Клосер“.
Ново на Сител
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември