Првиот финален дуел за Работнички
Кошаркарите на Работнички го добија првиот дуел од плеј-оф финалната серија против МЗТ со 86-77 и поведоа со 1-0.
Првото полувреме помина во израмнета игра во која и двата клуба не успеаја да направат разлика (на полувремето беше 42:42), актуелните шампиони МЗТ во третата четвртина играа многу подобро и во последните 10 минути влегоа со четири поени предност (65:61).
Но, тогаш искуството на тимот на Марин Докузовски се покажа и Работнички удобно стигна со победа од 86:77 за да поведат со 1:0 во финалната серија. Единствена дамка за Работнички може да е повредата на Димитар Мираковски во третата четвртина од мечот, по која е неизвесен неговиот настап во финалето.
Најефикасен во тимот на Работнички беше Чавдар Костов со 21 поени, а Робинсон додаде 18, додека за МЗТ, Дамјан Стојановски и Лалиќ имаа по 18 поени.
„Металците“ ќе имаат шанса за реванш веќе во вторник (17 часот), кога се игра вториот меч, овојпат пред нивната верна публика.
Ново на Сител
-
Обвинет за убиствата на Вања и Панче е во болница, неизвесно е дали ќе има судење
-
Стримичани вода за пиење ќе добиваат преку цистерни и канистери
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС
-
ОКТА со современа лабораторија ќе го испитува квалитетот на дизелот
-
Отворен регионален центар К9 за дресирање кучиња во Ѓорче Петров
-
Поднесено обвинение против две лица за дивоградба во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Се стопираат огласите со „Балансерот“ критериумите - Министерство за администрација издаде насоки до институциите