Првиот затворен пазар во Општина Кисела Вода пуштен во употреба
Првиот затворен пазар во Општина Кисела Вода денеска официјално беше пуштен во употреба, информираат од општината.
Како што се појаснува во соопштението, се работи за простор на површина од 250 квадратни метри, каде се поставени 16 тезги.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски му се заблагодари на Министерството за локална самоуправа, што излезе во пресрет на потребите на граѓаните и за реализација на овој проект, вреден 13 милиони денари, влезе во финансиско партнерство со Општина Кисела Вода. Тој најави затворен пазар и за жителите на населбата Драчево.
– Реализацијата на овој проект беше голема потреба за нашите жители, кои триесет години чекаа на достоинствени и современи услови за купување, но и за пласман на земјоделски и градинарски производи. На ова место постоеше див пазар, што не исполнуваше никакви санитарни и хигиенски услови и воедно, го нагрдуваше просторот што е во срцето на Кисела Вода. Проектот е вреден 13 милиони денари, а од нив, 9,8 милиони денари се обезбедени токму од Министерството за локална самоуправа. Воедно, сакам да упатам и голема благодарност до советникот од Советот на Општина Кисела Вода, Јане Петковски од редовите на ЛДП за заложбите за реализација на проектот, додаде градоначалникот.
Ново на Сител
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух