Путин одби да го оцени вледеењето на Трамп
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази жалење поради тоа што американско-руските односи, како што рече, биле жртвувани за време на политичкиот процес во САД, порачувајќи дека одговорот на Русија на санкциите од САД ќе зависат од нивната крајна верзија.
Тој истакна дека американскиот народ е тој што треба да ја оценува работата на Доналд Трамп.
- Што се однесува на изборот на претседателот Трамп, тоа не е наша работа и ние не сме тие кои треба да ја оценуваат работата на Трамп на неговата висока функција. Тоа треба да го направи американскиот народ, истакна Путин.
Тој изрази надеж дека односите меѓу Русија и САД ќе се нормализираат и оти ќе биде унапредена соработката, јави ТАСС.
Зборувајќи за американските санкции, Путин истакна дека одговорот од Русија ќе зависи од конечната верзија на текстот на американскиот закон, за кој сега се расправа во Сенатот.
Ново на Сител
-
Прекинато водоснабдување во делови на Центар
-
Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Демир Капија
-
МЗТ го доби вечното дерби против Работнички
-
Верстапен триумфираше на спринтерската трка во САД
-
Со цел да го прекине штрајкот, „Боинг“ понуди зголемување на платите за 35 отсто во текот на 4 години
-
Украина лансираше дронови врз Москва и врз западна Русија
-
Иран: Хезболах е одговорен за нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху
-
Во Молдавија се одржуваат претседателски избори и референдум за ЕУ