-->
-->
Работнички ги почна подготовките за новата сезона
-->
Фудбалскиот клуб Работнички ги почна подготовките за новата сезона. Освоеното четврто место им донесе на „романтичарите“ нов пласман во европските купови, каде останува желбата да се повтори ланскиот успех и да се минат неколку рунди во квалификациите за Лигата на Европа.
- Фудбалерите имаа доволен период за одмор и од денеска почнуваме со редовните тренинзи. Можеби со мали проблеми, затоа што Бојан Најденов е со А-репрезентацијата, Шишковски, Кире Маркоски и Елмаз се со младата репрезентација, Милан Ристовски и Ристе Јанков се со репрезентацијата до 18 години. Браќата Сахити поради технички проблеми со документација за пасошот исто така не се на денешниот тренинг, а отсутни се и Марјан Алтипармаковски и Милан Илиевски. Некои од нив ќе бидат отсутни пет, а некои три дена. Во меѓувреме, очекуваме тројца или четворица нови фудбалери, истакна тренерот Томислав Франц.
Следната сезона неколку фудбалери веќе нема да бидат дел од Работнички.
- Борче Маневски, Мирослав Јовановски, Бојан Марковски тие веќе не се членови на Работнички, а истото веројатно ќе се случи со Милован Петровиќ, кој е во преговори со Дебрецин, и сакам да му посакам среќна, меѓународна кариера, информира Франц и додава дека тимот за време на подготовките ќе одигра неколку пријателски натпревари.
- Во Скопје ќе работиме до 5 јуни, а веќе следниот ден заминуваме за Словенија. Имаме закажано три пријателски натпревари, противниците се уште не ни се познати, и таму ќе се задржиме до 14 јуни. После тоа се враќаме во Скопје, каде што ќе бидеме во исчекување на противникот, и да ги финализираме подготовките за европските натпреварувања. Јас, а целата управа посакуваме Работнички да има исто успешно лето како и минатото, но времето ќе покаже дали ќе биде така, посочи Франц.
фото: www.fkrabotnicki.com
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев