Расте девизниот прилив од туризмот
Конкурентноста на македонскиот туристички производ на светскиот пазар е се поголема, а тоа директно се рефлектира врз учеството на туристичката индустрија во бруто домашниот производ на државата, соопшти денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Девизниот прилив во 2018 година по основ на туризам, бележи раст од 16,7 отсто во споредба со 2017 година. Првите два квартали од 2018 година споредбено со истиот период претходната година бележат раст на девизниот прилив од повеќе од 20 отсто, односно, за 26,49 отсто девизниот прилив по основ туризам е повисок во првиот квартал на 2018 година споредбено со минатата, а вториот квартал бележи дури и поголем раст – 27,45 отсто за истиот период, наведува Агенцијата.
Третиот квартал во 2018 година остварил 147,08 милиони американски долари или покачување на девизниот прилив за 8,8 проценти од претходната година. Четвртиот и последен квартал го следи трендот на раст и бележи 14,2 отсто поголем девизен прилив за разлика од четвртиот квартал во 2017 година.
Континуитетот во зголемувањето на девизниот прилив од посети на странски туристи се должи на мерките и активностите што се преземаат од страна на целиот туристички сектор во земјава. Oчекувањата на Агенцијата за туризам за 2019 година се посета на нашата земја од 1,3 милиони туристи, кои ќе остварат четирти милиони ноќевања и девизен прилив од 420 милиони американски долари.
Како што стои во соопштението на Агенцијата за туризам, овие позитивни статистики се резултат на нејзината континуирана работа,а а се однесуваат на зголемената промоција и поддршката која ја дава институцијата за реализација на проекти значајни за развој на нови туристички содржини. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија водејќи се од својата заложба за континуиран развој, унапредување и афирмација на туризмот, а имајќи ги предвид предностите и економската корист од развојот на оваа стопанска гранка, инвестира и работи на реализација на програмски активности, со цел да се овозможи подобра и поефикасна туристичка понуда.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Ивон Величковски
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати
-
Откако Палевски беше отстранет од судница, Кешишев раскажа како биле грабнати и убиени Вања и Панче