Реакција на Алијанса за Албанците на изјава на Крешник Бектеши
Сега е итен момент за намалување на акцизата и ДДВ-то на горивата
Скандалозна е изјавата на министерот за економија, Крешник Бектеши, што значи дека акцизите за горивата ќе се намалат кога ке му текне на Владата и ги потврдуваат нашите предупредувања за грабеж на граѓаните.
Ја повикуваме Владата и споменатиот министер дека сега е време да ги прифатат предлозите на Алијансата за Албанците, за намалување на акцизата и ДДВ-то на горивото, објавени од почетокот на кризата.
Потсетуваме, Алијансата за Албанците предлага намалување на ДДВ од 18% на 5%, намалување на акцизата на бензините од 22,00 денари на 15,00 денари и на дизелот од 15,50 денари на 9,00 денари, како и намалување на трговска маржа во фиксна вредност не повеќе од 3,00 денари.
Но, оваа Блада не ги зеде предвид овие предлози и сугестии на АА и понуди делумни мерки кои од 01.06.2022 година ги отстрани и истите иако беа делумни повеќе не се применуваат. Тоа уште повеќе ја влоши состојбата, па во последните денови имаме драстични покачувања на малопродажните цени.
Секој ден доцнење значи поголемо поскапување на горивата и потоа секоја преземена мерка нема да има олеснителен ефект за граѓаните. Бектеши со денешната изјава очекува цената да оди на 150 денари и потоа да се намали на 120 денари за литар. Ова не е намалување, туку грабеж и измама на граѓаните.
Алијанса за Албанците
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис