Рецитал на македонската пијанистка Дуња Иванова посветен на Руичи Сакамото

Рецитал посветен на култниот јапонски композитор Руичи Сакамото ќе одржи македонската пијанистка Дуња Иванова на 22 септември во Киното Култура во Скопје.
На програмата, како што е најавено, се неговите најпознати дела, меѓу кои и „The Sheltering Sky“, „A Flower is not a Flower“, „Whuthering Heights“, „Solitude Energy“, „Flow Parolibe“, „Merry Christmas“, „Mr. Lawrence“ и други.
Концертот претставува дел од Манифестацијата „Нов културен бран“ поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
Дуња Иванова магистрира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано, магистрира и докторира на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк, Париз, Сараево, Рагуза, Приштина, на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на Македонската музика, Музика вива, Филмскиот фестивал Браќа Манаки, а настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави и во рамките на балетски претстави.
Автор е на книгите „Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016), „Естетското доживување на музиката“ (2010), на публикациите „Мултиапликативната примена на музиката во образовниот процес кај децата“ (2010) и „Децата и музиката во виртуелната реалност“ (2012).
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.
