Македонија
4. January 2017 - 11:03

Реконструирана улицата „Адолф Циборовски“ во Центар

Нов асфалт, тротоари, инсталации на операторите под земја и нови дрвја доби улицата „Адолф Циборовски“, во општина Центар.

Како што соопшти општина Центар, улицата е со вкупна квадратура од 1.388 квадратни метри и должина од 185 метри.

Со реконструкцијата на улицата старите кабли од кабловските оператори и ЕВН се поставени под земја и поставени се сливници за прифаќање на атмосферските води. На улицата се засадени и 16 нови дрвја.