Решението за систематизација го потпишаа 1.180 административни службеници

Од вкупно 1.349 административни службеници 1.180 ги потпишаа своите нови решенија за вработување и во рок предвиден со закон, тие ќе започнат со работа, а 26 одбија да ги потпишат новите решенија за вработување, информира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
На вработените кои не ги потпишале решенијата, прецизираат, им престанува работниот однос во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и се евидентираат во трансфер-листата на Министерството за информатичко општество и администрација.
-Раководните лица во институциите каде се распределени административните службеници вработени преку програмата К-5, се должни да ја започнат постапката за усогласување на актите за систематизација на работните места со одредбите од овој закон во рок од 30 дена од денот на усвојувањето на Планот за преземање од членот 4 од овој закон. Во законскиот рок, Министерството за политички систем ќе ги распредели решенијата на уште 135 административни службеници кои воопшто не се појавиле, посочуваат од Кабинет на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
Потсетуваат дека голем дел од 237-те институции каде веќе се распределени административните службеници, на адреса на Министерството за политички систем испратија известувања дека овие службеници наскоро ќе започнат со работа бидејќи нивните работни места се подготвени.
-Останатите институции исто така го информираа Министерството за политички систем дека се во процес на систематизирање на работните места и дека нивните измени се веќе испратени за одобрување до Министерството за информатичко општество, велат од Кабинетот на Груби.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
