Ресторан за едно лице дневно во Шведска
Брачна двојка од Шведска ќе отвори единствен ресторан во кој ќе се служи само еден гостин дневно.
Името на ресторанот „Маса за едно лице“ го објаснува концептот на угостителскиот објект, кој ќе биде наскоро отворен на околу 350 километри од Стокхолм.
Ресторанот, кој се состои од една маса и столица, се наоѓа на среде ливада и ќе му овозможи на гостинот да јаде во целосна дискретност.
Расмус Персон и Линда Карисон велат дека на тој начин ќе имаат можност целосно да им се посветат на гостите, а на набљудувачите нема да им биде дозволен пристап.
– Сакаме гостите да немаат чувство дека некој ги набљудува додека јадат. Сите минуваме низ тежок период и има луѓе кои ги загубиле работните места, саканите личности, па дури и разумот, наведува шведската двојка.
Персон и Карисон дошле на идејата за отворање ресторан за едно лице пред неколку недели, кога во нивниот дом дошле родителите на Линда кои се ризична група на граѓани во текот на пандемијата на Ковид-19. Тогаш одлучиле да им овозможат наместо во куќата, да одржуваат социјална дистанца во градината, каде за нив поставиле маса и столици на безбедно растојание.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови владини одлуки
-
Тема на денот со Бојан Кордалов
-
За една недела 4 починати од Ковид – Вакцини се уште нема
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков