Рочиштето за „Тврдина 2“ одложено за 23 мај
Денешното рочиште за судењето за случајот „Тврдина 2“ на СЈО е одложено за 23 мај, поради отсуство на обвинетиот Горан Грујевски, поранешен началник на Петта управа на МВР. Одбраната соопшти дека тој имал здравствени проблеми и затоа не дошол на судењето.
СЈО побара да се проверат медицинските документи на Грујевски и да се проверат и видео снимки од надзор во МВР и од УБК, бидејќи, според тврдењата на Обвинителството бил во нивните простории, додека бил на боледување.
Одбраната порача дека не е првпат Грујевски да отсуствува поради здравствени проблеми, бидејќи има хронична болест, а, како што рече, со тоа бил запознаено и обвинителството.
Последното одложување на рочиштето за овој случај беше на 13 март, поради отсуство на судијката Лидија Петровска од скопскиот Кривичен суд, која е на боледување.
Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништувањето документација во врска со системите од незаконското прислушување. Осомничени се поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Грујовски и шестмина вработени во УБК, кои се товарат за незаконско уништување на документација која била потребна во истрагата за откривање на начинот на кој УБК вршела прислушување.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борче Давитковски, универзитетски професор
-
Претседателката на албанското собрание во Скопје - средби со Гаши, Ахмети и Филипче
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе го деблокира Законот за бранителите
-
Прва средба Муцунски и Герапретритис – Силјановска Давкова од Самитот на ООН бара реформи во организацијата
-
Микродржава по теркот на Ватикан ќе формира албанскиот претседател Еди Рама
-
Од утре се замрзнуваат маржите на основните прехранбени производи
-
СОНК бара зголемување на платите веднаш, во спротивно излегуваат на улица