Македонија
14. јуни 2023 - 17:20

Родител и’ се заканувал на наставничка во средно училиште во Центар

Наставничка од средно училиште во Центар пријавила дека родител на ученичка и упатил закани за време на родителски состанок.

„На 13.06.2023 во 20.15 часот во Полициската станица Центар, Т.П.(50) од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, пријавила дека за време на родителски состанок, З.Х.од Скопје, родител на ученичка, агресивно се однесувал и ѝ упатувал закани“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.