Рударска Каменица гради нов дом на културата
Со средства обезбедени од Светската банка во износ од 42 милиони денари, општина Македонска Каменица инвестира во комплетно нов дом на културата кој се гради на локацијата на старото кино во центарот на градот.
Како што истакна градоначалникот Дарко Митевски, целта е Македонска Каменица да добие објект кој ќе биде симбол на градот.
- По добиените средства од Светска банка, почнавме со работа. Во моментов, се урива старото кино, на долниот дел ќе се врши надградба со која сакаме целосно да создадеме услови и за работа на институциите од областа на културата. Овде планираме да ги сместиме библиотеката, Културно инфрмативниот центар „Романса“, како и КУД „Вера Јоциќ“, но и др простории потребни за развој на култрната дејност во општината, рече Митевски.
Според него, изградбата на новиот дом на култура ќе придонесе и за развој на културата како дејност која ќе донесе нов квалитет на животот на жителите во оваа општина.
- Ќе створиме поволни услови за развој на оваа дејност, ќе создадеме еден објект кој ќе е симбол на Каменица. Ќе создадеме услови за развој на оваа дејност и се надеваме дека сите тие услови ќе придонесат да го подигнеме културниот живот во Македоснка Каменица, посочи Митевски.
Очекува на денот кога се прославува празникот на рударите, 28 август, наредната година, во Македонска Каменица да биде пуштен во употреба новиот дом на култура.
Ново на Сител
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал