Русија и СЗО разговараа за итно одобрување на вакцината против Ковид-19, Спутник В
Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко вчера разговараше со генералниот директор на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус за руското барање за итно одобрување за употреба на вакцината Спутник В.
– За време на разговорот тие се осврнаа и на начинот на борба против ширењето на новиот коронавирус, вклучително имунизацијата на населението, на подобрувањето на јавното здравје и за зголемување на достапноста на медицинската заштита. Разговараа и за одобрување на итна употрена на руската вакцина Спутник В, се наведува во соопштението на руското Министерство за здравство.
Марушко и Гебреисус разговараа и за проектите на руското Министерство за здравство, чија цел е подобрување на јавното здравје и зголемување на пристапот до здравствената заштита.
– Генералниот директор на СЗО ги пофали напорите на Русија за етапно воведување на дигиталната технологија во здравтсвениот систем, со што ќе се поедностави комуникацијата помеѓу пациентите со медицинскиот персонал и ја подобрува ефикасноста на негата, се посочува во соопштението на руското Министерство за здравство.
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи