Русија ќе преземе мерки за безбедност ако НАТО распореди нови батаљони во Источна Европа
Русија ќе ги преземе неопходните мерки за заштита на својата безбедност, доколку НАТО распореди, како што беше најавено, четири нови баталјони во Источна Европа, изјави потпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Нашето Министерство за одбрана и соодветните служби ги следат промените во распоредувањето на странски вооружени сили во близина на нашите граници, ги анализираат сите тие движења и промени на контингентите и несомнено ги преземаа неопхдоните мерки за извршување на своите функции: заштита на интересите и гарантирање на безбедноста на Русија, изјави Песков.
Рускиот претседател Владимир Путин нареди итни воени вежби на кои ќе се провери подготвеноста на руската армија брзо да ги мобилизира своите сили.
Министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека денеска започнатите маневри ќе траат една седмица.
Според него, посебно внимание ќе биде посветено на „планирање на користење воени сили во различни кризни ситуации“.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра