Русија протера 20 чешки дипломати
Русија вчера протера 20 чешки дипломати еден ден откако Прага протера 18 руски дипломати. Чешките дипломати имаат рок од 24 часа да ја напуштата земјата, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Според Москва, протерувањето на руските дипломати е продолжување на низата акции против Русија што Чешка ги презема во изминатите години.
Чешка во саботата протера 18 руски дипломати, истакнувајќи дека двајца наводни руски шпиони, обвинети дека во 2018 година со Новичок ги отруа во Велика Британија, Сергеј Скрипал и неговата ќерка, се вмешани во експлозијата во Врбетице во 2014 година, при што загинаа две лица.
Според официјална Прага, истрагата утврдила поврзаност на руските разузнавачки служби со експлозијата во Врбетице. Чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамачек изјави дека двата руски разузнавачи Александар Петров и Руслан Боширов, кои Велика Британија ги бара поради труење на Скрипал и неговата ќерка, се осомничени и за експлозијата во чешкиот град.
Русија обвинувањата на Прага ги оцени како апсурдни, наведувајќи дека првично за експлозијата во Врбетице беше обвинет сопственикот на магацинот.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија