Руски министер со забрана за влез во ЕУ ќе патува во Берлин
Рускиот министер за земјоделие Александар Ткачев идната недела ќе учествува на состанок во Берлин, на кој ќе разговараат неговите колеги од групата 20 најразвиени земји на светот, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Ткачев, кој е на листата на руски граѓани кои што имаат забрана за влез во ЕУ, поддржана од официјален Берлин, на состанокот е повикан од страна на домаќинот Германија.
Портпаролката на германското Министерство за земјоделие негира дека со тоа Германија ги прекршува санкциите кон Русија, иако во јануари 2015 година на Ткачев му било одбиено барањето да добие виза за влез во ЕУ.
„Покани беа испратени до сите земји членки на групата Г20, а Русија е членка на Г20“, изјави денеска портпаролката на Министерството за земјоделие на Германија Кристина Вент на прес-конферемција во Берлин.
Рускиот министер Ткачев е дел од листата од 150 луѓе и 37 правни лица кои што согласно одлуката на Европска Унија за санкции кон Русија не можат да влезат во ЕУ поради нивната поддршка на руските сепаратисти во Украина. Претходно, во текот на минатата година, Ткачев добил француска виза за учество на Светската конференција за животинско здравје во Париз.
Ново на Сител
-
Австралија воведува двегодишна забрана за странци за купување недвижен имот
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
-
Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа
-
Двајца кавадарчани нападнале полицаец во угостителски објект, подоцна пресметката продолжила во болница
-
Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја потресе Света Гора
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица