Руски воени филмови во Кинотеката по повод Денот на победата
Со филмот „28 Панфиловци“ во режија на Ким Дружинин и Андреј Шалопа од 2016 година, вечер во Кинотеката на Македонија ќе почне филмскиот циклус руски воени филмови т.е. Филмска недела по повод Денот на победата над фашизмот.
На програмата, која Кинотеката ја организира во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, до 13 мај ќе бидат прикажани уште четири руски филмови со воена тематика.
Филмот „28 Панфиловци“ ја раскажува приказната за легендарните 28 војници на Црвената армија од 316-та пешадиска дивизија, кои под команда на генералот Иван Панфилов во студениот ноември во 1941 година со денови се спротивставувале на 54-те нацистички тенкови од 11-тата Панцер дивизија кои напредувале кон Москва.
Иако биле вооружени само со стандардна опрема „мосин-нангант“ пушки за пешадија и митралези, кои се бескорисни против тенкови, и со сосема несоодвенти противтенковски гранати, тие неуморно, непокорно, со невообичаена храброст и непоколеблива посветеност, се бореле за да ја заштитат Москва и нивната татковина.
- Новиот филмски воен спектакл „28 Панфиловци“ предизвика различни реакции во филмскиот свет (и не само во филмскиот свет), реакции што непринципиелно и лаички излегоа надвор од критичката осервација пригодна за еден филм. Независно од тоа, мора да се каже дека се работи за исклучително филмско остварување што ги надминува рамките на жанрот. Филмот е реализиран супериорно, со најсовремена техника и функционира на сите нивоа – драматургија, режија, актерска игра, техника, информира Кинотеката.
„28 Панфиловци“ е снимен со буџет собран со помош од донации, т.н. crowdfunding. Биле собрани повеќе од 34 милиони рубљи (над половина милион евра), со што овој филм станал најуспешен crowdfunding филмски проект во кој донирале 35.086 луѓе, сите наведени на одјавната шпица на филмот.
Ново на Сител
-
Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, судењето продолжува на 25 ноември
-
Шеф на украинската дипломатија Сибиха: Мораме да го принудиме Путин да склучи мир, а не да го бараме тоа од него
-
По САД уште три земји ја запреа работата на своите амбасади во Киев
-
Околу 50 земји во ОН ја потврдија својата поддршка за Украина
-
Алкараз: Ќе се сеќавам на страста со која Надал го живееше тенисот
-
Мицкоски по повод Светскиот ден на детето: Нашата цел е да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери
-
Комити бараат смена на раководството на Вардар, незадоволни се од однесувањето на Неделковски
-
Бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација за децата со атипичен развој од Кисела Вода