САД се судираат со нов бран на Ковид
САД се судираат со уште еден Ковид-19 бран и бројни јавни здравствени институции, како оние во Лос Анѓелес и Чикаго, повторно воведуваат препораки за носење маски.
Се работи за новата доминантна варијанта ЈН.1 која што се утврдува дека лесно се адаптира кај вакцинираните и оние кои биле претходно инфицирани. Примероци од коронавирус се детектирани во канализацискиот одвод, а тоа е најдобро мерило дека инфекциите се бујни.
По социјалните мрежи повторно се појавуваат фотографии со позитивни тестови од коронавирс, но за разлика од пред една година помалку луѓе сега завршуваат во болница.
Според Центрите за контрола и превенција на заболувањата (ЦДЦ), во неделата пред (католички) Божиќ биле регистрирани 29.000 хоспитализации поврзани со симптоми на Ковид, споредено со 39.000 претходната година. Од Денот на благодарноста при крајот на ноември пак, се регистрираат 1.400 починати неделно, помалку од половина од смртните случаи истиот период во 2022 година.
И покрај тоа, Ковидот останува една од главните причини за смртноста во САД, како и главен причинител на респираторните вирусни хоспитализации, плус случаите на грип и настинки, со што болниците и оваа зима се преполнуваат.
-Од трите главни вируси ова е сепак вирус што ги става луѓето во болница и им го одзема животот, изјави Менди Коен, директор на ЦДЦ.
Оттаму велат дека дури и млаките случаи на Ковид може да придонесет кон продолжителни компликации од „долгиот Ковид“.
Ако тестот е позитивен, од ЦДЦ препорачуваат да се оди во петдневна изолоција. Сепак, многу од Американците тоа не го прават а и бесплатните тестови не се наоѓаат така лаесно како порано. Со тоа вирусот се шири полесно ако луѓето не знаат дека настинката е всушност Ковид.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата