СБ на ОН повика на прекин на насилствата во Мјанмар
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш и Советот за безбедност на ОН ги повикаа властите во Мјанмар да го запрат насилството против припадниците на муслиманскиот народ Рохинџи, поради кое 400.000 лица без принудени да побегнат во Бангладеш.
Гутереш изјави дека ситуацијата во западната мјанмарска држава Ракин, најдобро може да се опише како „етничко чистење“.
- Кога една третина од народот Рохинџи морале да ја напуштат земјата, можете ли да најдете подобар збор за да го опишете тоа?, праша Гутереш на прес-конференцијата во Њујорк.
Тој вчера ги повика властите во Мјанмар да ја запрат воената акција, да го прекинат насилството, да се придржуваат кон владеење на правото и да го признаат правото на враќање на сите кои морале да ја напуштат државата.
На синоќешната затворена седница на СБ на ОН, одржана по барање на Шведска и Велика Британија, 15-те членки на ова тело се согласија јавно да ја осудат ситуацијата.
Советот изрази загриженост поради „прекумерното насилство за време на безбедносните операции“ и повика да се преземат итни чекори за запирање на насилството во Ракин, деескалација на ситуацијата, повторно воспоставување ред и поредок, обезбедување заштита на цивилите и да се реши проблемот со бегалците.
Рохинџи е етничко муслиманско малцинство во Мјанмар. Припадниците воглавно живеат во државата Ракин во западниот дел земјата. Властите не ги признаваат за државјани, а будистичкото мнозинство со децении е обвинувано дека ги дискриминира и врши насилство над нив. Во Мјанмар и Ракин живее 10 проценти од светското население кое нема државјанство.
Во 2012 година, судирот на Рахинџите и будистичките националисти резултираше со бројни убиства, и бегство на десетици илјади луѓе во Бангладеш, Малезија, Тајланд и Индонезија. Околу 200 илјади луѓе- воглавно Рохинџи, оттогаш живеат во бегалски кампови во Ракин. На 25 август, милитантни припадници на Рохинџите нападнаа неколку контролни пунктови на мјанмарската полиција, убивајќи голем број полицајци, по што безбедносните сили одговорија со антитерористичка операција против бунтовниците. Меѓународната заедница оцени дека жестокиот воен одговор е прекумерната употреба на сила мора да запре.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот