Македонија
12. January 2023 - 8:45

СДСМ: Енергетска трансформација е во тек, нови 150 мегавати од обновливи извори

Енергетската трансформација во државата е во тек, со забрзано темпо се зголемува производството на електрична енергија од обновливи извори.

Минатата година пуштени во употреба се 141 мегават на обновливи извори на енергија а крајот на оваа година ќе се инсталитараат 300 мегавати.

Минатата година се издадени лиценци за 267 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори, а тоа е капацитет за снабдување на 65.700 домаќинства, со просечна потрошувачка.

Досега ова е рекордна изградба на нови капацитети од обновливи извори на енергија во една година.

Со правилна поддршка и правилно менаџирање може државата да се трансформира во центар на зелена енергија и да се обезбеди енергетска независност.

Владата на СДСМ е посветена на постигнување на сигурен, ефикасен, еколошки и конкурентен енергетски систем што е способен да го поддржи одржливиот економски раст на земјата, кој ја заштитува животната средина и го зголемува квалитетот на животот на граѓаните.

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста