СДСМ: Мерките се задоцните и без суштина
Последната одлука на Владата да се ограничат маржите е задоцнета, половична и со суштински недостатоци поради кои граѓаните нема да почувствуваат ефекти, се вели во соопштението на СДСМ испратено утрово.
„Замрзнувањето со ниво на цени од 1 февруари не е решение за скапотијата, затоа што податоците на Државниот завод за статистика укажуваат дека веќе во јануари има пораст на цените. Тоа значи дека Владата ги замрзна цените откако се покачија, што претставува нова манипулација.
Власта требаше да се врати наназад неколку месеци и како репер да ги земе тие цени, а не овие покачени цени.
Дополнително, наместо да се ограничува маржата само на 102 групи на производи, треба да се опфатат сите 238 групи на производи.“ – се вели во соопштението на СДСМ.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд