Македонија
19. јуни 2023 - 9:08

СДСМ: Мицкоски нема направено ништо ниту за земјата ниту за македонскиот иденитет

Освен хистерија, лажни вести и блокади, Христијан Мицкоски и ДПМНЕ немаат ништо, буквално ништо направено ниту за државата, ниту за македонскиот идентитет.

Цела година ДПМНЕ заедно Левица ги лажеше и плашеше граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, за на крај истиот тој Мицкоски да прифати промена на Уставот.

Дури и кога германскиот Бундестаг донесе Резолуција за поддршка на европскиот пат на државата и дополнителна потврда за македонскиот јазик идентитет и посебност, Мицкоски и ДПМНЕ не успеаја да лобираат нивни сестрински партии да гласаат За резолуцијата.

Мицкоски и ДПМНЕ не можат да издејствуваат ништо позитивно, ниту за државата, за граѓаните, ниту за македонскиот народ.

Но и покрај тоа, Мицкоски сега има ретка шанса да направи нешто добро и корисно за државата и за сите граѓани.

Откако прифати уставни измени Мицкоски треба да одреди тим за да продолжат разговорите и заедно да ја донесеме одлуката за продолжување на европскиот пат.

Мицкоски има избор, дали ќе одбере да не прави ништо како и досега или сепак ќе направи дражвнички чекор.

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста