СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
Не станува збор за тоа колку е долга чергата, туку колку покачувањето на минималната плата е приоритет за оваа Влада. Историјата не учи дека за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не е приоритет покачување на минималната плата и грижа за оваа категорија работници, ниту пак дијалог со синдикатите. Седум години СДСМ обезбедуваше пари за плати во време на најголемите економски и здравствени кризи. ВМРО-ДПМНЕ единствено бара изговори за да ја смени политиката на покачување на платите која СДСМ доследно ја спроведуваше. Ова директен удар врз стандардот на граѓаните и враќање кон раст на социјалните разлики во општеството.
СДСМ застанува на страна на работниците. СДСМ им дава поддршка на синдикатите да продолжат ревносно да се борат и да ги бараат своите права, исто како што тоа го правеа во време на Владата на СДСМ. Да бидат гласни и доследни, а СДСМ ќе биде нивни сојузник во остварување на правата. Социјадемократскиот Сојуз на Македонија силно верува дека секој работник треба да добие правичен надомест за вложениот труд и од оваа политика нема да се откажеме.
За 7 години минималната плата беше зголемена четири пати, од 8.000 денари на 22.000 денари. Заедно со Синдикатите се утврди и методологија за постојан пораст на минималната плата. Одговорност на Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ е да продолжи растот на минималната плата и да престане да бара изговори. Работниците тоа го заслужуваат, да имаат достоинствени примања.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот