СДСМ: Повеќе пари кај земјоделците, зелена нафта, поголема грижа и повеќе пари за капитални проекти

Предлог Буџетот за 2019 година предложен од Владата предводена од СДСМ обезбедува поголема грижа, повеќе пари за земјоделците и силна поддршка за земјоделството. Земјоделците добиваат 10.5 милијарди денари или околу 160 милиони евра. Најголем дел од овие средства, 8.5 милијарди денари, се за директна финансиска помош на земјоделите. Над 6,6 милијарди денари земјоделците добиваат за целосна, навремена и неселективна исплата на субвнециите.
За мерките од Програмата за рурален развој во 2019 од Буџетот земјоделците добиваат 1,7 милијарди денари, односно, 148 милиони денари повеќе отколку парите за оваа година. За наредната година, земјоделците добиваат 290 милиони денари или близу 5 милиони евра повеќе за капитални проекти, за водостопанството.
Во 2019 година за првпат во историјата ќе се реализира и ветената мерка „зелена нафта“ односно поддршка на земјоделските стопанства од 30% при набавка на гориво за земјоделска механизација, што ќе ги намали трошоците за производство.
Ова се само дел од мерките преку кои ќе се обезбедат повеќе пари и поддршка за земјоделците, сигурен пласман и унапредување на земјоделството.
Ново на Сител
-

Инфантино не е вистинскиот човек да ја предводи ФИФА, порача британскиот премиер
-

Во изминатото деноноќие 30 пожари, сите се изгаснати, само еден е под контрола
-

Четврти ден продолжува гаснењето на големиот пожар во Грција
-

Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија
-

Илјадници луѓе добија наредба за евакуација од американскиот град Спокен на кој му се закануваат шумски пожари
-

Трамп најави нови разговори со Иран за денеска
-

Земјотрес во Скопје со јачина од 2,5 степени по Рихтер
-

Топло и ветровито, максималната температура до 39 степени
