СДСМ: Продолжува грижата за земјоделците, исплатени субвенции од девет милиони евра за над 15.000 лозари
Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со посветена грижа за лозарите, за земјоделците.
Пред почетокот на новата прозиводствена сезона, исплатени се субвенции за лозови насади од околу 9 милиони евра на над 15.000 лозари. Тоа се средства што се враќаат директно кон лозарите за подготвени да ја дочекаат производствената сезона и да вложат во производство на квалитетно грозје.
Покрај субвенциите, според најавите од Министерството, на почетокот на следниот месец ќе започне исплатата на долгот на приватните винарници кон лозарите, за предаденото а неплатено грозје во периодот од 2014 до 2016 година, наследен проблем кој го реши оваа Влада во интерес на лозарите.
Со тоа, дополнителни 1.5 милиони евра ќе се вратат кај лозарите од Тиквешкиот регион.
СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи останува посветена на спроведување на мерките што обебедуваат развој на земјоделството, сигурен откуп и повеќе пари кај секој земјоделец.
Ново на Сител
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите