Македонија
27. August 2017 - 14:08

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравствениот систем, Владата работи во интерес на сите граѓани

Лажни и лицемерни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводни пропусти во здравството, бидејќи токму ВМРО-ДПМНЕ заради задоволувањето на корпутивните апетити на Никола Груевски и Никола Тодоров, го урниса здравствениот систем и ги понижи пациентите и лекарите. Ова го посочуваат од СДСМ во пишана реакција на изјавата на Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

- Коруптивно и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави уништено здравство, клиники и болници во долгови, неупотреблива опрема и дефицит на медицински кадар. Наместо таквиот пристап, Владата предводена од СДСМ ги санира штетите во здравството и преку посветена работа ги подобрува условите во здравството во интерес на сите граѓани, стои во реакцијата.