Македонија
12. March 2021 - 12:03

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ има уплав од правдата

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ има уплав од правдата. Не можат да поднесат што сите обиди да ги спасат криминалците од белиот дворец пропаднаа.

Голем е очајот во ВМРО-ДПМНЕ предводена од докажаниот губитник Христијан Мицкоски па мораат секој ден да измислуваат нови лажни вести кои немаат врска со реалноста.

Ниту Љупчо Николовски влијаел, нити неговиот брат е поврзан со фирмата што ВМРО-ДПМНЕ денеска ја спомнува за нелегален увоз на тутун.

Лагите, измислените случаи се единствен начин на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, ништо друго ниту можат, ниту знаат да понудат пред граѓаните. Затоа се опозиција затоа уште долго ќе бидат поразувани од граѓаните.

 Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Ново на Сител