СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ наместо конструктивност, фрла 300.000 евра за пропаднат митинг

Скапо чини дебаклот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ - пропаднатиот митинг со слаб одѕив и лоша организација.
На митингот имаше присутни околу 15.000 членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, а опозициската партијата сигурно планирала повеќе и ангажирала превоз и останати потреби за околу 20.000 членови.
Превоз за 20.000 членови чини над 200.000 евра. Ако на тоа се додадат трошоците за бина, озвучување, светло струја, вода, сендвичи, трошоци за брза помош, противожарна заштита, лесно се доаѓа до вкупна сума од 300.000 евра.
Тоа се 300.000 евра фрлени во вода, толку Мицкоски го чинеше дебаклот, слабиот протест за задоволување на неговото его.
Сметката на ВМРО-ДПМНЕ е блокирана, а имотот е замрнзат, пред конфискација, па се наметнува прашањето од каде се 300.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ со блокирана сметка и замрзнат имот.
Додека секаде во светот, позицијата и опозицијата се обединуваат и заедно бараат решенија за ублажување на ударот од светската економска криза, ВМРО-ДПМНЕ наместо конструктивност, фрла 300.000 евра за пропаднат митинг.
СДСМ
Ново на Сител
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
