Се чисти дивата депонија кај Макази

Екипи на општина Ресен, јавните претпријатија „Македонски шуми“, „Македонија пат“ и „Пролетер“ вчера и денеска работеа на расчистување на дивата депонија кај местото викано Макази во близина на Ресен во рамките на акцијата „Македонија без отпад“.
Во акцијата се приклучи и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски, кој нагласи дека општината ги поддржува еколошките активности со цел чиста и здрава животна средина.
- Ваквите акции и иницијативи секогаш ќе се поддржани од Општина Ресен, бидејќи се во насока на креирање чиста и здрава животна средина, а истовремено претставуваат активност со која силно сакаме да влијаеме и врз еколошката свест кај граѓаните и локалната заедница, рече Стрезовски.
По чистењето на депонијата, која се протега на околу 300 метри квадратни, просторот ќе биде раззеленет со дрвја и трева. Градежниот и другиот комунален отпад ќе биде транспортиран до депонијата за градежен отпад во непосредна близина на Ресен.
Ресен е дел од пилот општините каде се реализира проектот „Македонија без отпад“, чија цел е подигање на свеста кај граѓаните за проблемите со создавање на отпад и негово расчистување.
Ново на Сител
-

МВР со детали: 27-годишникот што ја уби својата мајка сам се пријавил во полиција
-

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
