Се отвори најголемиот центар за вакцинација во Белгија

Официјално денеска е отворен најголемиот центар за вакцинација во Белгија, иако не функционира уште со полн капацитет поради недостаток на вакцини, јави дописничката на МИА од Брисел.
Центарот се наоѓа во главниот град Брисел близу фудбалскиот стадион Хејзел. Оваа недела се очекува да бидат вакцинирани 4.800 лица со вакцината на АстраЗенека, пред сѐ медицински персонал, лекари, забари и медицински сестри под 55 годишна возраст.
Меѓутоа Белгија сѐ уште не располага со доволно дози вакцини за да може центарот да работи со полн капацитет.
Властите се надеваат дека во наредните денови ќе се интензивира ритамот на вакцинација за 5.000 лица дневно како што е предвидено.
Граѓаните на Брисел можат да изберат каде и кога ќе се вакцинираат, во другите региони на Белгија ваков избор не им се овозможува на граѓаните.
Ново на Сител
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
-

Автомобил излета од патот во виничко, возачот почина
-

Прегазен 80-годишен пешак во Дебар
-

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада
-

МОН: Честит 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-

Мицкоски: Владата функционира одлично, нема да има предвремени парламентарни избори
-

Сенегалски навивачи осудени на затворски казни за инцидентите на Африканскиот куп
