Се подготвуваат новите табли со Република Северна Македонија
Се подготвува менувањето на таблите со новото име на државата. Државните институции, граничните премини и дипломатско-конзуларните претставништва ќе имаат рок од седум дена по ратификацијата во Грција на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО да почнат со замена на таблите. Владата најави и формирање на Интерресорска група која ќе почне со работа веднаш по ратификацијата на Протоколот и која ќе треба да изработи Национален акциски план за натамошните мерки и активности за извршување на обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа.
Од Владата не очекуваат проблеми од државните институции при користењето на новото име на државите и нагласуваат дека остануваат целосно посветени на имплементацијата на Договорот од Преспа.
– Веднаш по ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО во Атина, стапуваат на сила овие мерки што вчера ги усвоивме. Интерресорската група веднаш започнува со работа. Не е предвиден рок, но тоа значи веднаш. Немаме рок, не постои, рокот е за седум дена за стапување во сила на овие мерки. Тргнуваме веднаш во промена, рече вчера владиниот портпарол Миле Бошњаковски на редовната прес-конференција.
Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците што значи дека таблите ќе бидат напишани и на албански јазик бидејќи, како што посочи Бошњаковски, Албанците се 20 проценти на државно ниво.
Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име.
Засега од Владата не откриваат колку ќе чини целиот процес на промена, но велат дека тоа ќе се знае откако ќе заврши целата постапка.
Промената на уставното име на Македонија следува по потпишувањето на Договорот од Преспа и неговата ратификација во парламентите во двете држави. По 27-годишен спор со Грција , Македонија ќе го промени името од „Република Македонија“ во „Република Северна Македонија“.
Ново на Сител
-
Владата заклучи дека ќе има вонредни инспекциски надзори и ригорозни казни за непочитување на законите
-
До сега 59 загинати во големата трагедија во Кочани
-
Тошковски: До сега 20 осомничени, 15 приведени, одговорност ќе има!
-
Дискотеката Пулс немала ниту дозвола за работа од Економија, ниту елаборат кој се набавува од ДЗС
-
Деканот на Градежен факултет: Правила и регулативи постојат, совеста кај одговорните лица треба да е на високо ниво за да се избегнат трагедии
-
Сведоштво од преживеана 20-годишна девојка од дискотеката во Кочани
-
13 пациенти се транспортирани во соседните држави на лекување
-
Во штипската Клиничка болница сместени вкупно 31 пациент