Се скараа Џафери и Мицевски во Собрание | ВИДЕО

Жестока расправија изби денеска во Собранието меѓу координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски со претседателот на Собранието Талат Џафери.
На реакцијата зошто Џафери ја прекина седницата на која на дневен ред беше точката за финансирање на општините целата пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата, а Мицевски побара еден час пауза.
– На кого да му давам пауза кога не сте тука, на празна сала не давам пауза – реагираше Џафери и рече дека нема да им даде пауза. Потоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се вратија во салата по што изби остра кавга.
„Седи на свое место, ќе бараш збор од таму. Немој да претеруваш сега. Оди си на свое место и оттаму ќе бараш збор. Зошто викаш. Оди седи на свое место и не викај. Што сум ги минал сите граници? Оди седи на свое место. Седете на свое место. Никола Мицевски седи на свое место и од таму ќе бараш збор. Се додека стоиш надвор од своето место што и да побараш не можеш да добие. Не си ти војник ти си пратеник. Оддалечи се од мене. Оддалечи се од мене. Не сум те повикал. Седи на свое место затоа што имаш микрофон таму“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Откако седна на место, збор доби и Никола Мицевски. Ваков однос да си имаш дома или во ДУИ, со висок тон му се обрати на Џафери.
– Срамота е ова што го правиш не сме дома кај тебе. Четириесет и кусур пратеници седат од оваа страна не може да се однесуваш вака. А не е твоја работа дали седат или стојат. Во име на тие 40 пратеници имаат координатор. Ти не си тука мене да ми речеш. Да си го собереш мнозинството.
– Не покажувај со прст – му рече Џафери.
– Не покажувам на тебе со прст. Абе немој сега прст, прст, немој да ми кажуваш приказни. Се однесуваш тука, да не речам како некој погрден збор, како невоспитан на говорница. Тебе ти се обраќам. Тебе ти се обраќам… – возврати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
На седницата требаше да се расправа за Законот за финансирање на општините, но поради тоа што имаше пријавено за збор за овој закон, Џафери ја одложи седницата. Инаку, овој закон е заглавен во Собрание веќе две години.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
