-->
-->
Се стабилизират временските прилики во Охридскиот регион
-->
После врнежливата ноќ временските прилики во Охридскиот регион се стабилизираат, а врнежите престанаа.
Според денешните податоци на АД „ЕЛЕМ“ што стопанисува со водите на езерото, нивото на езерото е на 693,85 метри надморска височина или 10 сантиметри на нормираниот максимум.
Викендот охридскиот регион го зафати силен јужен ветер кој на моменти достигнуваше брзина и до 100 километри на час, предизвикувајќи високи бранови што нанесоа штети на крејбрежни објекти, најмногу на потегот од Градското пристаниште до населбата Канео. Исто така езерото исфрли огромни количества трска, растенија, но и цврст отпад и пластика што несовесно се одлагаат во езерото и неговите притоки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите