Седница на Централното претседателство на ДУИ
Демократската унија за интеграција (ДУИ) нема префериран партнер во македонскиот политички блок, а интересот за одржување на стабилност на државата го става над партиските интереси и калкулации, се заклучоците од денешната седница на Централното претседателство на партијата.
Рамноправна употреба на службениот албански јазик, интеграцијата во НАТО и во ЕУ, како и продолжување на мандатот на СЈО со цел расветлување на сите сомнежи кои произлегуваат од мегаскандалот со прислушувањето, како што стои во партиското соопштение, се целите кои како услови не можат да бидат предмет на преговарање.
- Свесни за одговорната и одлучувачка улога на ДУИ во ориентирањето на политичките процеси во државата, во духот на унифицираниот став на албанските политички партии во Македонија и врз основа на платформата на партијата, ДУИ започна сеопфатен консултативен процес со партиската структура и граѓаните, анализирајќи ги геополитичките, регионалните и домашните случувања и импликации, се наведува во соопштението.
Централното претседателство на ДУИ, како што додаваат, останува во континуирано заседавање се до завршување на овој консултативен процес.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка