Седум лица повредени во сообраќајки во Скопје
Во текот на вчерашниот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди од кои две сообраќaјни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди седум лица се здобиле со телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 19 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 29 возачи од кои: 11 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 11 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и седум возачи затоа што биле возачи - почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани, а пет возила биле технички неисправни.
Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување и еден возач поради неправилно престигнување.
Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување на коловоз надвор од пешачки премин.
Во текот на изминатиот ден издадени се 92 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?